Тиквеш не успеа да го изненади шампионот: Е. Пелистер победи во Кавадарци

290

Ракометарите на Тиквеш не успеаја да направат уште едно изненадување во плеј-оф делот на домашната Суперлига. Вечерва во дерби мечот со Е. Пелистер во рамките на 5. коло од втората фаза на шампионатот одиграа цврст меч, но гостите на крајот ја однесоа победата со триумф од 21:24.

Шампионот одигра солидно прво полувреме во кое успеа да оствари предност од два гола (10:12). Сличен развој на настаните имаше и во второто полувреме, во кое гостите од Битола се обидуваа да ја одржат предноста, додека Тиквеш не успеваше да воспостави теренска рамнотеже. Предноста која гостите ја имаа на полувреме успеаја да ја задржат и до крајот на мечот за петта победа сезонава и убедливо прво место на табелата.

Тиквеш со овој пораз остана на 4. место со 10 бода.

ПретходноГостивар славеше убедливо на дуелот со Вардар
СледноСаинц успешно опериран во С. Арабија