МЗТ Скопје им се врати на победите по шокантниот пораз од Феникс во минатото коло. Актуелниот бранител на титулата на домашен терен го совлада ТФТ со 78-65 во рамките на 19-то коло во Првата лига. Триумфот доаѓа на денот кога МЗТ Скопје слави 58 години од своето постоење.
Избраниците на Васко Атанасов добро го отворија мечот, по седум и пол минути игра по слободните фрлања на Андреј Андоновски поведоа со двоцифрени 19-7.
По изедначената игра во вториот и третиот период (17-17 и 20-18), МЗТ Скопје главниот и важен чекор го направи во последните десет минути, отвори со 9-0 за 65-55, позитива која беше доволна за мирен финиш и 15-ти триумф оваа сезона.
Баковиќ беше прв стрелец со 15 поени и пет скока, Војдан и Дамјан имаа по 13 поени, додека Крстевски 10. На другата страба Ташовски имаше 15 поени.