Тренерот на Барселона, Чави Хернандез ја прокоментира победата на неговиот тим од 1:0 против тимот на Мајорка во средбата од 28. коло на шпанската Ла Лига. Тренерот е оптимист за иднината на своите играчи.
„Создадовме доволно шанси за голема победа. Успехот ќе ни овозможи да останеме на фронтот. Беше многу тешко да се нападне Мајорка. Оптимист сум и покрај тешката ситуација во која се наоѓаме. Оваа победа е поважна отколку што изгледа бидејќи ни дава самодоверба пред Лигата на шампионите. Одигравме солиден натпревар против тежок противник“, изјави Чави.
Чави го коментираше и солидниот настап на младите Пау Кубарси (17 години) и Ламин Јамал (16 години), кои го постигнаа победничкиот гол пред крајот.
„Тоа се двајца играчи кои се истакнуваат затоа што многу придонесуваат. Кубарси не загуби ниту една битка. Тоа е импресивно за 17-годишник. Ламин ја немаше својата најдобра партија, но сепак имаше клучна улога. Станува збор за двајца играчи кои ќе станат дел од една ера во овој клуб“, додаде Чави.