Манчестер Јунајтед со 2:0 успеа да слави на “Олд Трафорд“ против Евертон. Интересно, и двата гола паднаа од белата точка. Прво Бруно Фернандеш погоди во 12.минута, а во 36.минута исто од пенал, Маркус Рашфорд стрелаше за конечни 2:0.
Со овие три бода четата на Ерик Тен Хаг сега има 47 и се наоѓа на 6.позиција на табелата, но и со меч повеќе.
Гостите одиграа солидно, имаа и неколку шанси, но ете сепак не успеја да дојдат барем до бод.