Вашингтон му врачи специјална благодарница на Јакимовски: Клеј Томпсон го нарече легенда!

1873

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски на свечена церемонија доби специјална благодарност од Вашингтон стејт за сето она што го направи изминатите четири години за тимот. На оваа специјална вечер присуствуваше и неговата мајка и брат. Останува на Јакимовски да одлучи дали ќе продолжи уште една година или па својата кариера ќе ја гради во друг тим, можеби во Европа.

На адресата на Јакимовски стигнаа бројни честитки, една од нив дојде од Клеј Томпсон, кој го нарече нашиот кошаркар легенда и го стави македонското знаме. Двајцата се познаваат веќе долго време, токму НБА легендата имаше влијание врз одлуката на Јакимовски да игра за тимот кој му врачи благодарница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WSU Mens Basketball (@wsucougarmbb)

ПретходноРасел распали – 44 поени и кош за победата на Лејкерси над Бакс (ВИДЕО)
СледноГеоргиевски и Рељиќ по олимписка виза во Софија