Георгиевски и Рељиќ по олимписка виза во Софија

224
Tаеквондистите Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ денес и утре ќе настапат на квалификацискиот турнир во Софија за Олимписките игри во Париз ова лето.
Нашите репрезентативци се максимално подготвени да одговорат на предизвикот и да атакуваат на олимписките норми.
Дејан Георгиевски е носител на сребрен медал од Олимписките игри во Токио, кој по 21 година донесе медал за Македонија.
Мила Рељиќ е млада натпреварувачка која трпеливо го гради патот до светскиот врв. На ЕП за сениори беше петта, како и на Европските игри, а на ЕП во У-21 во Букурешт освои бронзен медал и многу одличја од Г-1 турнирите.
ПретходноВашингтон му врачи специјална благодарница на Јакимовски: Клеј Томпсон го нарече легенда!
СледноВМФЛ: Дербито се игра во Врапчиште, Беса го дочекува Детонит!