Еуро Никел го суреди незгодниот Феникс

65

Еуро Никел дојде до важна победа во битката за подобра позиција во Супер-лига. Откако кавадарчани беа изненадени во Охрид, максимално ја искористија предноста на домашен терен и го совладаа незгодниот Феникс со 84-68. За скопскиот состав овој пораз доаѓа по неверојатниот триумф против актуелниот првак, МЗТ Скопје во минатото коло.

Феникс беше подобар во првата четвртина со 21-23, по што следеше кам-бек на домаќинот за 44-39 на одморот. Кавадарчани не застанаа тука во следниот период полека но сигурно го градеа патот кон победата, во третата четвртина поведоа со 74-61, а на две минути до крајот позитивата изнесуваше 82-66, како потврда дека бодовите нема да мрднат од „Јасмин“.

Меквин со 22 поени беше прв стрелец, зад него беше Соколов со 19 поени и 8 скока, два помалку имаше Дубински. За Феникс 2010 ова беше осмиот пораз во сезоната, кој ги остава на позицијата број 7, Метјус даде 19.поени, Трајковски додаде 13.

ПретходноКадиз со голема победа против Атлетико (М) во трката за опстанок во Ла Лига
СледноКога парите се во “игра“: Тоти во дресот на Замалек! (ВИДЕО)