На времето важеше за еден од најдобрите фудбалери, секако дека станува збор за “Кралот на Рим, Франческо Тоти. Еден од ретките ако не и единствен кој го одби Реал Мадрид и остана верен на својата Рома.
Но сега како фудбалски пензионер го облче дресот на Замалек од Египет.
Имено пред финалето на Купот на Египет, Тоти излезе на терен во дресот на Замалек, Бразилецот Роналдо во дресот на Ал Ахли, и двајцата заедно со Жозе Мурињо кој го носеше пехарот.
Се разбира дека за ова сите тројца земале големи пари.
Инаку во ова финале победи Ал Ахли со 2:0 пред 75.000 гледачи.
📹
✅ #Totti con #Mourinho e #Ronaldo pic.twitter.com/T7sM1mxhFb
— laroma24.it (@LAROMA24) March 8, 2024