Фудбалерите на ПСЖ не успеаја на домашен терен да го победат Ремс и одиграа нерешено 2:2 во рамките на 25. коло од француската Лига 1.
Луис Енрике реши да го почне мечот без најдобриот играч во тимот Килијан Мбапе, се коцкаше и на крајот загуби. Во составот го немаше и Усман Дембеле, а и двајцата шанса да заиграат добија во последните 15 минути.
Ремс во седмата минута го шокираше домаќинот, откако Мунчи погоди за 0:1.
10-тина минути потоа ПСЖ успеа да израмни, а потоа и направија целосен пресврт со голот на Рамос.
Гостите не се предадоа и преку Диаките израмнија на 2:2 во последната минута од првиот дел.
ПСЖ продолжи да биде подоминантен но до крајот не успеа да избори победа.