Лудо во Севиља – пет гола, два црвени картони и победа со пресврт за гостите

453

 

Интересен натпревар полн со голови одиграа Бетис и Виљареал во рамките на 28.коло на Ла Лига. Домашните имаа предност, но потоа загубија со 2:3. Во 30 минута Бетис поведе со гол на Родригез, но десет минути подоцна изедначи Баена. Во 45 минута Влијан Хозе донесе предност за Бетис.

На стартот на вториот дел гостите изедначија со автогол на Папастатопулос, а во 67 минута Сорлот го доведе Виљареал во предност од 2:3.

Следуваа два црвени картони. Поради меѓусебно кошкање „поцрвенеја“ Морено од Виљареал и Авиља од Бетис. До крајот резултатот не се промени.

Виљареал го впиша деветтиот триумф сезонава и се искачи на 11 место, а Бетис е седми на табелата со шести пораз односно втор по ред.

ПретходноЉоренте со гол во 95. минута и донесе бод на Рома во Фиренца
СледноСтрашна повреда на „Новиот Јокиќ“, со количка беше изнесен од теренот (ВИДЕО)