Попладнево се одиграа сите шест средби од 23.коло или прво во третиот круг.
Вардар повторно со бод во Гостивар и со 0:0. Одличен меч, многу шанси, голем бод за Вардар. Голманот Велковски е херојот на гостите, бранеше зицери на Кехинде и Такахара, слободен удар на Потук, а на другата страна Ристовски не успеа да релизира зицер, тоа беше шанса на мечот во 88. минута со што ќе го казнеше домашниот тим за силните промашувања.
По натпреварот имаше и тензии, гостиварци беа нервозни, сепак се добро се заврши. Иако сцените беа хаотични. Кехинде доби црвен картон, прво ги нападна гостинските играчи а потоа и судијата Качевски.
Голем кикс на Шкендија која не успеа дома да ја победи Воска, резултатот беше 0:0. На голот на гостите беше Костадин Захов, довчершниот голман на Шкендија.
Струга со 3:1 ја декласира Брера и остана на чело на табелата. Ибраими, автогол на Руфати и Радески беа стрелците за шампионот.
Голеада на Чаир. Шкупи имаше 2:2, па Работнички израмни на 2:2 а потоа Руватубјае со вториот свој гол во 84.минута му донесе голема победа на својот тим.
Конечно победа за Силекс и тренерот Александар Васоски и тоа со голот на Анѓелески во првиот дел за конечни 1:0.
Тиквеш со 2:1 го доби “Дербито на Истокот“ и тоа со пресврт. Брегалница водеше со 0:1, но следуваа головите на Робертино и Малески за победа и еуфорија на кавадарчани.
РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ ЗА 23.КОЛО
ГОСТИВАР – ВАРДАР 0:0
ШКЕНДИЈА – ВОСКА 0:0
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:2
(Руватубјае 21., 84, Гронер 29./Адем 34., Гандо 70.)
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
(Анѓелески 17./)
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 3:1
(Ибраими (п) 33., Руфати (авт) 38., Радески 60./Ивковиќ 85.)
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2:1
(Робертино 29., Малески 70. /Соломон 7.)
ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ…
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:2
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
СТРУГА ТЛ – БРЕРА 3:1
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2:1