Хаос: Бугарски кошаркар прво со топка удри поранешен НБА играч, па продолжи со тупаници (ВИДЕО)

414

Од Бугарија доаѓа застршувачка видео снимка. На дуелот меѓу Левски и Шумен во втората четвртина настана вистински хаос.

Искусниот играч на Левски Златин Георгиев тргна кон кошот, по што Бајчев го фаулираше, а Карим Мане ја испружи раката за да спречи и кош и фаул. Ситуација не изгледаше сериозно, ниту пак имаше елемнти за неспортско однесување, но вака не размислуваше кошаркарот на домашниот тим. Ја зеде топката и со неа го удри по глава Мане, кој е поранешен НБА кошаркар, а потоа тргна да го дави со намера да продолжи да го удира. На голема среќа играчите брзо реагираа и спречија поголем инцидент.

ПретходноТухел е убеден дека Кејн може да го урне рекордот на Левандовски
СледноАлегри: Разочаран сум, но не и загрижен!