Баер впиша нова победа и „лета“ кон историската титула

437

 

Екипата на Баер Леверкузен не запира. Се извлече против Карабах во ЛЕ и ја одржа серијата без пораз, а денеска ја продолжи со победата над Волфсбург со 2:0 во Бундес лигата. Новите три бода значат и приближување до историската прва титула за клубот во домашниот шампионат.

На својата „Бај арена“ работите тргнаа на страната на Баер кога во 28 минута поради два жолти картони беше исклучен гостинскиот играч Јенц. Во 37 минута по прекрасната акција, Нејтан Теља постигна гол за водство на Леверкузен. Во 87 минута Флоријан Вирц ја запечати победата и поените на контото на „фармацевтите“ кои ја одржаа предноста од 10 бодови во однос на најблискиот конкурент Баерн.

Интересно, Баер Леверкузен е првиот тим од топ 5 европските лиги со повеќе од еден играч со најмалку 10 асистенции оваа сезона. Двоцифрен број на асистенции имаат и Вирц и Грималдо.

 

 

ПретходноПеп: Притисокот е огромен, во Сити останав подолго отколку што планирав
СледноНБА го казни Руди Гобер