Бањаја со триумф во Катар, Биндер го победи Мартин за втората позиција

105

Франческо Банаја ја започна одбраната на втората титула во кариерата со победа на првата трка за оваа сезона во Мото ГП шампионатот. Италијанецот триумфираше на Гран при на Катар со сигурно возење и покрај тоа што стартуваше од петтата позиција.

Уште по четвртата кривина изби на првата позиција, па потоа ја задржи позицијата до крај додека конкурентите ниту еднаш не му ја загрозија позицијата. Втор со 1,3 секунди заостанување финишира Биндер кој водеше жестока борба со Мартин за втората позиција.

Двајцата неколку пати ги разменија позициите, за на крајот возачот на КТМ да заврши пред светскиот вицешампион. Да потсетиме Биндер го освои второто место и во спринтот на патаката „Лусаил“ во саботата.

Четврти заврши возачот на Грезини Дукати, Марк Маркес, а топ 5 го оформи Енеа Бастианини од Дукати.

Помалиот од браќата Маркез, Алекс заврши на шестото место пред минатогодишниот победник во Катар, Фабио Ди Џанантонио.

ПретходноСупер дерби на „Енфилд“ и поделба на бодовите
СледноИмаше ли пенал во 99. минута на големото англиско дерби? (видео)