Велковски е херојот на Вардар: Не можев да посакам поубаво деби!

4698

Кога се дозна дека Филип Гачевски нема да брани на денешното гостување во Гостивар, сите помисливме дека Вардар нема што да бара на овој меч.

Сепак. Шанса доби Методија Велковски (23), детето на Вардар и во своето деби за првиот тим на еден официјален меч просто блескаше, просто ги исфрустрира домашните играчи, посебно Кехинде.

Со денови ќе се прикажува фантастичната парада на Велковски по слободниот удар на Турчинот Потук.No description available.

Нема што, Велкоски денеска покажа дека Вардар има екстра класа голман.

За “СпортСпорт“ веднаш по мечот токму Велкоски ги кажа своите импресии по мечот во Гостивар кој заврши 0:0 и Вардар освои бод само благодарение на неговите одбрани.

Искрено не можев да посакам поубаво деби во дресот на Вардар. Секако дека најпрво му благодарам на стручниот штаб на оваа шанса, да дебитирам во дресот на Вардар на еден ваков важен и пред се тежок меч. Мислам дека заслужено и по вторпат за еден месец останавме непоразени кај силниот тим на Гостивар. Во целост ги исполнивме задачите и упатствата на шефот Горазд Михаилов, а на крај за малку ќе дојдевме и до победа, мислам на шансата на Ристовски. Секако дека сум задоволен од мојот настап, немав трема знаев што се бара од мене. Сепак така е кога покрај тебе во клубот го имаш еден Филип Гачевски, најдобриот голман во ПМФЛ“ изјави Велковски кој оваа зима од Силекс се врати во својот матичен клуб.

ПретходноПулишиќ за минимaлна победа на Милан (ВИДЕО)
СледноИбра сака да го донесе „Македонецот“ Кировски на „Сан Сиро“