Енрике се „коцкаше“ без Мбапе и Дембеле и не успеа да го победи Ремс

81

Фудбалерите на ПСЖ не успеаја на домашен терен да го победат Ремс и одиграа нерешено 2:2 во рамките на 25. коло од француската Лига 1.

Луис Енрике реши да го почне мечот без најдобриот играч во тимот Килијан Мбапе, се коцкаше и на крајот загуби. Во составот го немаше и Усман Дембеле, а и двајцата шанса да заиграат добија во последните 15 минути.

Ремс во седмата минута го шокираше домаќинот, откако Мунчи погоди за 0:1.

10-тина минути потоа ПСЖ успеа да израмни, а потоа и направија целосен пресврт со голот на Рамос.

Гостите не се предадоа и преку Диаките израмнија на 2:2 во последната минута од првиот дел.

ПСЖ продолжи да биде подоминантен но до крајот не успеа да избори победа.

ПретходноПолувреме: Без голови во Гостивар и Тетово, смешен автогол на Руфати и 2:0 за Струга ТЛ, 1:1 во Кавадарци, Шкупи води на Чаир, конечно и Силекс даде гол! (ВИДЕО)
СледноТухел си оди, а управата на Баерн (М) се уште не преговара за негова замена