Ибра сака да го донесе „Македонецот“ Кировски на „Сан Сиро“

1826

Милан се обидува да го донесе Американецот со македонско потекло, Јован Кировски, во раководството на клубот. Кировски е добар пријател со Златан Ибрахимовиќ кој се залага за негов ангажман на „Сан Сиро“.

Според Фабрицио Романо, поранешниот технички директор на ЛА Галакси е тој што го донесе Златан во МЛС во 2018 година и има многу блиски односи со Швеѓанецот.

Кировски веќе бил во Милано и имал директен контакт со „Росонерите“. Тој може да има улога во младинскиот сектор, но е биде ангажиран и во првиот тим.

ПретходноВелковски е херојот на Вардар: Не можев да посакам поубаво деби!
СледноИнзаги е прогласен за тренер на годината во Италија