Клоп: Ќе бидам казнет, но имаше пенал и треба да се зборува за тоа

2234

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не е среќен за судењето критикувајќи ја ситуацијата во финишот на мечот кога Доку стартуваше опасно врз Мекалистер. Судијата по прегледување на ситуацијата не досуди пенал.

Во второто полувреме го видов најдобриот настап на мојот тим против Манчестер Сити. Никогаш не сме правеле таков пресинг и одамна немаме правено такви добри потези. Задоволен сум од настапот во второто полувреме. На крајот имаше пенал и требаше да биде досуден. Мораме да зборуваме за вакви работи, тоа беше пенал. Такви ситуации одлучуваат натпревари. Тоа би бил фаул било каде на друго место затоа што е очигледен удар во шеснаесетникот. Тој (Доку) ја допре топката но ја испружи ногата и го удри нашиот фудбалер во градите. Чиста ситуација. Ќе бидам казнет за тоа, но кога ситуацијата е за чист пенал, мора да биде досуден без разлика која минута се игра“, изјави Клоп.

ПретходноИмаше ли пенал во 99. минута на големото англиско дерби? (видео)
СледноВардар 1961 лесно го доби дерби мечот против Алкалоид (ФОТО)