Лука Дончиќ не запира, урна два нови трипл-дабл рекорди (ВИДЕО)

1700

Откако пред два дена во победата на Далас над Мајами (114:108) Лука Дончиќ израмни еден и постави два трипл-дабл рекорди во НБА, сега во триумфот над Детроит (142:124) продолжи во ист ритам.

Против Хит постигна 35 поени и имаше 11 скока и асистенции. Тоа беше негов петти последователен меч во кој оствари трипл-дабл со најмалку 30 поени, израмнувајќи се со Расел Вестбрук. Во 2017 година додека настапуваше за Оклахома стана првиот и до петок беше единствениот што го направи овој подвиг на дури пет натпревари по ред во најсилната лига на светот.

Но, Дончиќ сега оставри две нови достигнувања. За најдобриот стрелец на НБА ова беше четврти натпревар во низа на кој имаше трипл-дабл со 35 поени, со што стана прв во историјата со ваква серија. Дополнително, Дончиќ со настапот на оваа игра стигна до нереален просек од 37 поени, 11 скока и 10 скока на последните 15 натпревари. Тој е првиот во историјата на НБА кој го направил тоа.

Сега против Пистонс Дончиќ постигна 39 поени (13/24 од поле) и имаше 10 скока и асистенции. Така, тој повеќе не го дели првиот од споменатите рекорди со Вестбрук, туку стана првиот НБА играч кој постигнал трипл-дабл со 30 поени во шест последователни натпревари.

Дончиќ затоа го собори рекордот на Вестбрук кој го израмни пред два дена, но го надмина и својот, кој исто така беше поставен завчера. Ова е петти натпревар во низа на кој успева да оствари трипл-дабл со 35 поени. Тој е пред Вестбрук и Оскар Робертсон, кои успеаја да одиграат три вакви последователни натпревари.

Резултати: Шарлот – Бруклин 110-99, Детроит – Далас 124-142, Голден Стејт – Сан Антонио 113-126, Феникс – Бостон 107-117, Денвер – Јута 142-121, Портланд – Торонто 128-118.

ПретходноСедлоски денеска се “враќа“ на Чаир!
СледноНовак Ѓоковиќ се мачеше со 69. тенисер во светот!