Завршија првите полувремиња од натпреварите од 23.коло во ПМФЛ.
Во Гостивар, каде истоимениот тим го дочекува Вардар, нема голови. Интересен меч, со по неколку закани на двете страни, но мрежите на Абази и Велковски останаа нечепнати. Првите голмани Ерсу и Гачевски не се во игра.
На Чаир домашниот Шкупи има водство од 2:1, а стрелци беа Руватубјае и Гронер, а Адем стрелаше за Работнички.
Шампионот со “паненката“ на Ибраими од белата точка и смешниот автогол на Руфати води против Брера со 2:0.
Во Кавадарци е 1:1. Соломон постигна убав гол речиси од мртов агол по киксот на домашниот голман Ренер, сепак Робертино израмни.
Конечно и Силекс даде гол оваа пролет и тоа еврогол на Анѓелески за водство против Македонија ЃП од 1:0.
Шкендија никако не успева да го совлада Костадин Захов, својот довчерашен голман па така на пауза против Воска се замина со тие почетни 0:0.