Пулишиќ за минимaлна победа на Милан (ВИДЕО)

84

Фудбалерите на Милан остварија минимална победа од 1:0 на средбата со Емполи во денешниот попладневен термин во Серија А и останаа на второто место на табелата зад градскиот ривал Интер.

„Росонерите“ беа многи подобар тим од Емполи, па вистинско чудо е како мечот го завршија само со еден постигнат гол. Одлуката падна во 41. минута, кога Пулишиќ налета на една топка и успеа да ја смести во гостинската мрежа.

Милан доминираше и во остатокот од мечот, но не успеа и по вторпат да ја затресе противничката мрежа.

ПретходноСтруга ТЛ покажа зошто е шампион, блескаа Ибраими и Радески…еве како изгледа табелата по 23.коло!
СледноВелковски е херојот на Вардар: Не можев да посакам поубаво деби!