Супер дерби на „Енфилд“ и поделба на бодовите

162

 

Без победник на шампионското дерби во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, а од целата ситуација во 28 коло профитираше Арсенал кој го запоседна првото место на табелата. „Топчиите“ имаат 64 бода исто колку и второпласираниот Ливерпул, а третиот Манчестер Сити има бод помалку.

Дуелот на „Енфилд“ заврши 1:1, а изобилуваше со активен фудбал со речиси идентични шанси на обете страни и идентичен посед на топка. На полувреме Сити имаше предност. Де Брујне нафрли од корнер, а Џон Стоунс ја погоди мрежата  (ГОЛОТ ОВДЕ).

Во 32 минута Собослаи имаше голема шанса, но неговиот удар заврши покрај стативата и Ливерпул пропушти да изедначи. Во 42 минута Луис Диас можеше да изедначи но и неговиот удар заврши покрај голот.

На стартот на второто полувреме голманот на Сити, Едерсон прави прекршок во својот шеснаесетник. Судијата Мајкл Оливер суди пенал, а Алексис Мекалистер успешно го реализира за 1:1. Во таа ситуација голманот на Сити се повреди, па неколку минути подоцна го напушти теренот и влезе Стефан Ортега.

Следуваа шанси на Луис Диас и шут покрај голот, па на Дарвин Нуњез чиј шут го одбрани нововлезениот голман. Три минути подоцна Фил Фоден во супер ситуација, но напаѓачот на Сити ја погоди пречката.

Во финишот уште една шанса за Сити, Џереми Доку ја погоди десната статива. Во 97 минута Мекалистер беше фаулиран, но судијата одмавна со раката.

Имаше ли пенал во 99. минута на големото англиско дерби? (видео)

Па мечот заврши без победник и ривалите си поделија по бод. Резултатот ист како и дуелот од првиот дел на сезоната на „Етихад“.

ПретходноШифрин се врати од повреда и го освои кристалниот глобус во слалом
СледноБањаја со триумф во Катар, Биндер го победи Мартин за втората позиција