Тотенхем ја прегази Астон Вила за едно полувреме (ВИДЕО)

82

Фудбалерите на Тотенхем ја декласираа Астон Вила во Бирмингем со 4:0, во првиот денешен меч од 28. коло на Премиер лигата.

Во директната пресметка за четвртото место во поредокот, Тотенхем успеа со оваа победа да дојде на само два бода зад Вила, а имаат и натпревар помалку.

Интересно е што сите четир гола беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел не видовме гол, но фуриозната игра на гостите во вторите 45 минути им донесе одличен триумф.

Медисон го отвори резултатот во 50. минута, а само три минути пдоцна Џонсон зголеми и на 0:2.

Двата последни гола беа постигнати во судиското продолжение. Најпрво Сон зголеми на 0:3, па Вернер ја запечати победата во 95. минута.

ПретходноПМФЛ: Вардар повторно со бод во Гостивар и хаос по мечот, голеада на Чаир, Шкендија киксираше, Тиквеш го доби “Дербито на Истокот“… (ВИДЕО)
СледноКехинде лудуваше по мечот, направи хаос, ги нападна вардарци и судиите, а потоа си доби црвен картон! (ФОТО)