Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн може да го надмине рекордот на Роберт Левандовски во Бундеслигата од 41 гол во една сезона, изјави тренерот на шампионите, Томас Тухел.
Англискиот напаѓач го постигна својот четврти хет-трик во домашното првенство сезонава во поразот од 8-1 против Мајнц 05 и го зголеми својот број на 30 на девет натпревари до крајот на кампањата.
“Верувам дека Хари ќе постигне сè. Тој го прави она што секогаш го правеше во текот на кариерата. Дава голови, тој е пример, тој е одлична личност. Задоволство е да го тренирам”, изјави Тухел на прес-конференцијата.
Сè што му недостига на Кејн е трофеј што никогаш не го освоил со Тотенхем и со репрезентацијата на Англија. Во моментов се чини дека тоа нема да се промени барем за оваа сезона, бидејќи Баварците испаднаа од Купот на Германија, сериозно заостануваат зад врвот, во Лигата на шампионите се уште не се знае кој ќе биде идниот противник во 1/4-финалето, а на претстојното ЕП 2024 е во доменот на прогнозите дали „трите лава“ ќе постигнат нешто. Што, генерално, секогаш е под знак прашалник, бидејќи Англичаните ретко стигнуваат до напредната фаза на меѓународните форуми, а кога тоа го прават во последниот половина век, секогаш потфрлаат на последниот чекор.