Тухел си оди, а управата на Баерн (М) се уште не преговара за негова замена

130

Раководството на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен се уште нема водено преговори со потенцијални кандидати за тренерската позиција, ниту пак разговарала со стартерот Џошуа Кимих за нов договор, пренесува агенцијата ДПА.

Шампионите ќе се разделат со Томас Тухел на крајот од сезоната, а медиумите во земјата го наведуваат Чаби Алонсо како негова потенцијална замена.

“Имаме листа на приоритети и работиме на тоа. Има многу тренери, а нашата цел е да ја најдеме најдобрата опција. Се трудиме да ја направиме вистинската работа”, изјави членот на бордот на директори, Макс Еберл.

Самиот Кимих изјави дека има активен договор со Баерн и не размислува за иднината.

ПретходноЕнрике се „коцкаше“ без Мбапе и Дембеле и не успеа да го победи Ремс
СледноПМФЛ: Вардар повторно со бод во Гостивар и хаос по мечот, голеада на Чаир, Шкендија киксираше, Тиквеш го доби “Дербито на Истокот“… (ВИДЕО)