Од Бугарија доаѓа застршувачка видео снимка. На дуелот меѓу Левски и Шумен во втората четвртина настана вистински хаос.
Искусниот играч на Левски Златин Георгиев тргна кон кошот, по што Бајчев го фаулираше, а Карим Мане ја испружи раката за да спречи и кош и фаул. Ситуација не изгледаше сериозно, ниту пак имаше елемнти за неспортско однесување, но вака не размислуваше кошаркарот на домашниот тим. Ја зеде топката и со неа го удри по глава Мане, кој е поранешен НБА кошаркар, а потоа тргна да го дави со намера да продолжи да го удира. На голема среќа играчите брзо реагираа и спречија поголем инцидент.
out of context Bugarska liga pic.twitter.com/fAJbKW4bov
— dijana (@______bumblebee) March 9, 2024