Ѓорчепетровки убедливо поразени во првото четвртфинале на ЕХФ Европскиот куп

130

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров убедливо се поразени на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп на гостувањето во Шпанија против екипата на Елче.

Ѓорчепетровки забележаа пораз од 36:21 и со оглед на резултатот, на реваншот следната недела остануваат само со теоретски шанси за пласман во полуфиналето.

Првото полувреме и не беше толку лошо, затоа што Елче на пауза замина со 4 гола предност (14:10). Но во второт дел, домашните комплетно го „разоружаа“ нашиот тим и направија предност која веќе со една нога ги испрати во полуфиналето.

Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија Николовска постигна 4 гола.

Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: „Чкембари“ и „Лозари“ приказна која трае…
СледноНаковски В. подобар од Јанта В., утре големо дерби во Скопје