Фиорентина можеше да ги освои трите бода против Рома во мечот од 28 коло на Серија А, затоа што имаше предност и можеше да ја запечати победата, но промаши пенал и потоа му дозволи на противникот да изедначи и да си замине од Фиренца со реми.
Во првото полувреме Фиорентина имаше водство со голот на Раниери во 18. минута. Во 58 минута изедначи Оар, а во 69 минута Мандрагора одново ја носи Фиорентина во водство. Во моменти кога се кршеше мечот Бираги промаши пенал за потоа во петтата минута од судиското продолжение Диего Љоренте да погоди за 2:2.
Рома продолжува со одлични настапи под водство на Де Роси и сега има 48 бодови на контото приближувајќи и се на Болоња која е четвртопласирана. Фиорентина е на осмото место.
🚨🇮🇹 GOAL | Fiorentina 2-2 AS Roma | Diego Llorente
AS ROMA HAVE EQUALIZED!pic.twitter.com/fBUIQwJjKu
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 10, 2024