Артета: Благослов е да се биде дел од нешто толку посебно

95

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на неговиот тим со 2:1 против составот на Брентфорд во средбата од 28. коло на англиската Премиер лига. Успехот дојде крајно тешко со гол во завршните минути, бидејќи тренерот на „топчиите“ сподели дека за него поважен е шампионскиот дух и начинот на кој се постигнуваат победите од првото место на рангирањето, кое беше преземено по завршувањето на средбата.

„Многу сум задоволен од резултатот и начинот на кој го постигнавме. Покажавме храброст и бевме наградени. При 1-0 се можеше да биде сосема поинаку, но откако примивме гол моравме да се вратиме и на крајот ја заслуживме победата. Има една одлична работа за нашиот стадион, не поддржуваат дури и кога грешиме. Имаше одредени работи што моравме да ги надминеме, и целосно верувавме дека ќе ги надминеме, и направивме. Победничкиот стил е 100% од духот што го покажавме. Благослов е да се биде дел од нешто толку посебно што се обидуваме да го постигнеме“, рече Артета, цитиран од Би-Би-Си.

ПретходноПМФЛ: Вардар по бод(ови) во Гостивар, “Дербито на Истокот“ во Кавадарци, Шкендија со Воска, Силекс ги чека “лавовите“!
СледноТухел е убеден дека Кејн може да го урне рекордот на Левандовски