Дерби во Автокоманда: Алкалоид и Вардар 1961 го затвораат викендот!

444

Петтото коло во плеј-офот во Супер-лигата ќе го затворат Алкалоид и Вардар 1961, во дерби пресметката која се игра во Автокоманда, почеток 18:30 часот.

Актуелниот вицепрвак во минатото коло беше совладан на гостувањето кај ГРК Охрид за прв пораз после долго време. Избраниците на Кирил Лазаров се пред нов тест во битката за високите позиции на табелата. По победата на охриѓани против Пролет, Алкалоид пред дуелот со „црвено-црните“ е на третото место, па доколку сака да остане втор денеска ќе мора да дојде до целиот плен.

На другата страна Вардар 1961 се најде во небрано оваа сезона. По поразот од Пелистер дојде пораз од Тиквеш кој го симна на петтото место на табелата, позиција на која се нема најдено одамна. Владо Недановски за оваа средба на располагање треба да го има Косуке Јасухира, кој беше надвор од терените поради повреда со која се здоби за време на Азиските Игри.

Важноста на победата ветува интересна пресметка, како што доликува на едно дерби.

ПретходноАлегри: Разочаран сум, но не и загрижен!
СледноОстровот се тресе: Јирген VS Пеп, дуел на генијалците! Дали за последен пат?