Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја доби наградата за најдобар италијански тренер во тековната сезона. Наградата се доделува од 2011 година.
„Благодарен сум за оваа престижна награда. Ова признание немаше да биде возможно без исклучителната поддршка од сите оние кои работеа со мене низ годините. Оваа награда им ја посветувам на нив и на моето семејство“, изјави Инзаги.
Инзаги е на чело на Интер од 2021 година, а оваа година е многу блиску да го однесе Интер до освојување на Скудетото.