„Кралевите“ убедливи против Селта

176

Екипата на Реал Мадрид немаше проблеми во дуелот со Селта во 28 коло од Ла Лига. На „Сантијаго Бернабеу“ четата на Анчелоти славеше со 4:0. „Кралевите“ го отворија резултатот во 21. минута. Тоа беше корнер на Модриќ, а Ридигер шутна со глава но голманот одбрани одбиената топка Винисиус ја смести во мрежата.

Во второто полувреме падна другиот гол. Во 79 минута по нафрлена топка Ридигер шутна со глава топката удри во гредата па во грбот на голманот Гуаита и заврши во мрежата.

Во 85 минута Гуаита фантастично одбрани шут на Лукас Васкез, но капитулираше три минути подоцна. Карлос Домингез се обиде да ја расчисти топката по центаршут, но си го погоди својот гол.

Во 89 минута дебитантски гол на Арда Гулер.

Реал е лидер со 69 бода, седум повеќе од второпласираната Џирона. Селта е на 17. Место со 24 бода.

ПретходноАталанта водеше, Јувентус направи пресврт, а на крајот ги поделија бодовите
СледноПеп: Притисокот е огромен, во Сити останав подолго отколку што планирав