НБА го казни Руди Гобер

421

НБА лигата го казни центарот на Минесота, Руди Гобер поради непримерно и непрофесионално гестикулирање кон судијата и поради јавно критикување на судиите. Тоа го соопшто Џо Думарс, извршниот потпретседател и раководител на кошаркарските операции на НБА лигата.

Гобер се однесуваше непристојно на 8 март, по поразот на Минесота од Кливленд. Во последната четвртина, на центарот прво му беше досудена лична и потоа техничка грешка. Тој го погледна судијата Скот Форстер и со прсти му гестикулираше пари, што е општо познат потег кога се алудира кога некој е платен односно поткупен.

Казната му е 100.000 американски долари.

ПретходноБаер впиша нова победа и „лета“ кон историската титула
СледноСрамен потег – тренерот на Лече со глава го удри напаѓачот на Верона