ПМФЛ: Вардар по бод(ови) во Гостивар, “Дербито на Истокот“ во Кавадарци, Шкендија со Воска, Силекс ги чека “лавовите“!

317

 

Попладнево од 14 часот се играат сите мечеви од 23.коло или прво во “третиот круг“. Значи остануваат уште 11 кола до крајот по што ќе дознаеме кој ќе биде шампион на Македонија а кој следната сезона ќе игра во ВМФЛ.

Шампионот и лидер игра дома, со добрата Брера, јасно е дека ако Струга ТЛ сака победа ќе мора и тоа како да одигра квалитетно.

Шкупи го дочекува Работнички и се освен победа на тимот од Чаир ќе биде лошо, многу лошо за составот на тренерот Жижовиќ.

Третопласираната Шкендија под Шара се среќава со Воска. Тетовските „црвено – црни“ ако одиграат како што треба тогаш не би требало да има проблеми да дојдат до трите бода, сепак разликата во квалитет меѓу овие две екипи е огромна.

Во Кавадарци се игра “Дербито на Истокот“, се среќаваат Тиквеш и Брегалница, ова ќе биде и тренерски дуел меѓу Мојсов и Здравков. Ова за Брегалница ќе биде еден од најважните мечеви оваа пролет.

Вардар му гостува на Гостивар, таму каде што играше и во првото пролетно коло минатиот месец.Тогаш беше 1:1, а денеска како ќе биде, е тоа ќе видиме.

Гостивар е непоразен во ПМФЛ цели 175 дена.

И во Кратово редно е веќе Александар Васоски како тренер на Силекс не само да му се израдува на првиот гол оваа пролет, туку да и се израдува на првата победа. Последната Македонија ЃП која оваа пролет игра очајно е ривал по мерка за такво нешто.

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струга ТЛ – Брера

Шкупи – Работнички

Шкендија – Воска Спорт

Гостивар – Вардар

Тиквеш – Брегалница

Силекс – Македонија ЃП

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 45, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, Брера 27, Работнички 27, Воска 25, Вардар 24, Брегалница 21, Македонија 18 бодови

ПретходноИзлезе лажна информација дека Дани Алвес се самоубил
СледноАртета: Благослов е да се биде дел од нешто толку посебно