Фудбалерите на Милан остварија минимална победа од 1:0 на средбата со Емполи во денешниот попладневен термин во Серија А и останаа на второто место на табелата зад градскиот ривал Интер.
„Росонерите“ беа многи подобар тим од Емполи, па вистинско чудо е како мечот го завршија само со еден постигнат гол. Одлуката падна во 41. минута, кога Пулишиќ налета на една топка и успеа да ја смести во гостинската мрежа.
Милан доминираше и во остатокот од мечот, но не успеа и по вторпат да ја затресе противничката мрежа.
Milan 1-0 Empoli
Pulisic scores!pic.twitter.com/6K8AuO9iQW
— FootColic ⚽️ (@FootColic) March 10, 2024