Дека и во Трета лига – југ се игра добар фудбал, доказ е тоа што се случи викендов во Росоман, на мечот меѓу домашниот тим и Коњари, на крајот беше 3:1 за Росоман.
Сепак, она што се случи во 65.минута секако дека е голот на годината, барем во Македонија ако не и пошироко.
Имено Стефан Костовски, фудбалерот на Росоман од пола терен, како што се гледа од видеото, успеа да ја затресе гостинската мрежа за 2:1 за својот тим.
На еуфоријата потоа и немаше крај.
Нема што, секоја чест за Стефан, вакви голови ретко се гледаат на фудбалските терени.