Столе Димтириевски постојано е во центарот на вниманието во шпанските медиуми. Македонскиот репрезентативен голман беше поврзуван со многу тимови, последен пат тоа беше Барселона, но ако се верува на „АС“ тој следната сезона ќе биде задолжен за мрежата на Валенсија.
Според овој шпански весник, Димитриевски и Валенсија имаат потпишано преддоговор. По истекот на неговиот договор со Рајо Ваљекано на 30 јуни 2024 година и официјално ќе биде промовиран на „Месталја“.
Останува да се видиме дали навистина нашиот голман ќе ја промени средината или пак ќе остане во Рајо до крајот на кариерата што пак е една од неговите големи желби, секако тоа зависи од раководството на клубот.