Македонската ракометна репрезентација повторно се собра, овој пат во рамките на ЕХФ неделата која Кирил Лазаров ќе ја искористи за подготовка за важните битки во мај против Фарски Острови, кои носат пласман на СП 2025.
Од првичниот список предводникот на нашиот најдобар национален тим нема да смета на Ненад Костески, Тамислав Јагуриновски, Павле Атанасијевиќ и Филип Кузмановски. На повреда се жали и Милан Лазаревски, но останува неизвесен за настап.
Повикан е дополнително Давид Савревски, после првиот тренинг Лазаров ќе одлучи дали ќе повика уште некој ракометар.
Македонија на 15-ти и 16-ти игра против Романија на гостински терен.