Вардар со порака: Се враќаме на патот што води кон титулата!

764

Вардар 1961 се исправи по двата порази во низа (Пелистер и Тиквеш), запиша две победи, една од нив синоќа против Алкалоид на гостински терен и се врати во трка за местата во годниот дел од табелата. Пред петтото коло „црвено-црните“ беа на петтата позиција, а сега се на третото место со 12 бода, исто колку и Алкалоид.

По важната победа против младиот тим на Алкалоид, од таборот на најтрофејниот тим порачаа дека ништо не е готово, додека не е готово. Овие бодови на ракометарите им дадоа ветер во грб и ја вратија самодовербата.

Табелата во плеј-офот допрва ќе се менува, следат директни дуели за врвот, што пак најавува интересна сезона.

Лидер, без пораз е Пелистер со максимални пет победи и 17 бода, три повеќе од второпласираниот ГРК Охрид, следат Вардар и Алкалоид со 12 бода, додека Тиквеш е петти со 10 бода.

ПретходноНова промоција на 2win.мк : Бонус добивки за електронската игра „РОКЕТМЕН“
СледноМодриќ со еден потег го воодушеви фановите: Магионичар (ВИДЕО)