Галевски за првпат меѓу сениорите: Голема чест е да се игра за Македонија!

755

Македонската ракометна репрезентација за време на ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари на гостински терен против Романија (15. и 16. март), како дел од подготовките за бараж двомечот со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година.

За селекторот, Кирил Лазаров ова ќе биде можност да им даде шанса на оние ракометари кои добиваат помала минутажа, како и за оние кои првпат се најдоа на списокот. Меѓу нив е младиот голман на Алкалоид, Иван Галевски, кои во изминатиот период покажа голем потенцијал.

За Галевски повикот е голема чест, шанса да научи многу повеќе од неговите постари репрезентативни колеги.

„Чест и задоволство ми е што за првпат сум дел од сениорската репрезентација. Ова е голем мотив плус за мене во развојот на мојата кариера. Чувството е одлично, се биде дел од сениорскиот тим, можам да учам од поискусните колеги. Ќе се обидам да се се покажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата“, ни изјави Галевски.

Лазаров во оваа ЕХФ недела нема да смета на услугите на Ненад Костески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Томислав Југуриноски.

ПретходноВорнок издржа 34 дена – Абердин на Миовски во потрага по нов тренер
СледноКамерун суспендира 62 играчи – лажеле за своите години! (ФОТО)