Голот на годината падна во Росоман: Стефан Костовски од пола терен ја „тресеше“ мрежата! (ВИДЕО)

2302

Дека и во Трета лига – југ се игра добар фудбал, доказ е тоа што се случи викендов во Росоман, на мечот меѓу домашниот тим и Коњари, на крајот беше 3:1 за Росоман.

Сепак, она што се случи во 65.минута секако дека е голот на годината, барем во Македонија ако не и пошироко.

Имено Стефан Костовски, фудбалерот на Росоман од пола терен, како што се гледа од видеото, успеа да ја затресе гостинската мрежа за 2:1 за својот тим.

На еуфоријата потоа и немаше крај.

Нема што, секоја чест за Стефан, вакви голови ретко се гледаат на фудбалските терени.

ПретходноБизарен жолт картон за Стефан Ристовски
СледноМакедонија У-17: Полска ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за жени!