Дерби за мерак: Работнички им го нанесе првиот пораз на струмичанки

240

Работнички – Струмица 3:1 (25:16, 25:18, 23:25, 25:21)

Актуелните бранителки на двојната круна, одбојкарките на Работнички му го нанесоа првиот сезонски пораз на лидерот на табелата, Струмица, во дербито на колото во плеј-оф групата од Првата лига. Вечерва во Скопје, Работнички славеше со 3:1 во возбудлив и неизвесен меч кој траеше скоро два часа.

Шампионките одлично го почнаа мечот и уште по првите поени успеаја да се одлепат и покажаа дека се одлично мотивирани за победа. Разликата ја направија со одлична игра на мрежа и до крајот на сетот рутински дојдоа до 25:16.

Доминацијата на Работнички продолжи и во вториот сет. Струмица не успеа да го поправи приемот, оттука Работнички одигра моќно на блок и успеа да направи солидна предност од 21:12. Струмичанки успеаја да се приближат со серија од 3:0, но по тајм-аутот на Душко Деспотовски домашните продолжија во ист ритам и дојдоа до 25:18 за 2-0 во сетови.

Третиот сет донесе вистинска драма. Работнички поведе, одржуваше минимална предност до средината на сетот, кога струмучанки на сервис на Пандева направија пресврт. Во финишот гостинките влегоа со два поени предност која ја сочуваа за освојување на сетот.

Четвртиот сет понуди нова неизвесност. Двата тима во бранови се менуваа во предност, а во клучните моменти на сетот по неколку грешки на Струмица, Работнички направи разлика од шест поени, која на крајот се покажа и како клучна за освојување на сетот.

Со оваа победа Работнички најави дека ќе гледаме исклучително вобудлив финиш на првенството.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 4-то коло

Наковски волеј – Јанта волеј                         3:1 (25:19, 25:17, 20:25, 25:14)

Работнички – Струмица                                 3:1 (25:16, 25:18, 23:25, 25:21)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (49); 2. Јанта Волеј (33); 3. Наковски В. (32); 4. Работнички (32).

ПретходноКамерун суспендира 62 играчи – лажеле за своите години! (ФОТО)
СледноТензиите во Гостивар имаат други сценарија надвор од теренот