Без ждрепка, туку само според рејтингот, Европската одбојкарска конфедерација ги потврди квалификациските групи за пласман на следното Европско сениорско првенство во одбојка кое ќе се одржи во 2026 година. Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе биде во група со Грција и Грузија на патот до четвртиот последователен евро-настап, во една од седумте квалификациски групи со по три селекции.
Според правилата, пласман на Европското првенство ќе обезбедат сите седум првопласирани селекции од групите, како и петте најдобро второпласирани репрезентации од седумте групи.
Квалификациите ќе започнат во август оваа година, кога ќе се одиграат три кола, а ќе продолжат во август следната 2025 година кога ќе се одиграат преостанатите три квалификациски рунди. Нашите одбојкари почнуваат со гостување во Грузија, а овој август ќе играме и со Грција на домашен терен. Следната година ќе имаме гостување кај Грците и домашен меч со Грузија.
Женската сениорска репрезентација која исто така ќе биде дел од квалификациите за женското сениорско ЕП ќе биде во група со Грција и Австрија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2006 (М)
ГРУПА „Ф“
МАКЕДОНИЈА
Грција
Грузија
Распоред на натпревари:
17/18.08.2024 / Грузија – МАКЕДОНИЈА
24/25.08.2024 / МАКЕДОНИЈА – Грција
28/29.08.2024 / Грција – Грузија
09/10.08.2025 / Грузија – Грција
13.08.2025 / Грција – МАКЕДОНИЈА
16/17.08.2025 / МАКЕДОНИЈА – Грузија
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2006 (Ж)
ГРУПА „Ф“
МАКЕДОНИЈА
Грција
Австрија
Распоред на натпревари:
17/18.08.2024 / МАКЕДОНИЈА – Австрија
24/24.08.2024 / Австрија – Грција
28/29.08.2024 / Грција – МАКЕДОНИЈА
02/03.08.2025 / МАКЕДОНИЈА – Грција
06.08.2025 / Грција – Австрија
09/10.08.2025 / Австрија – МАКЕДОНИЈА