Покетино: Ако играчите не ме сакаат, можам во секое време…

352

По освојувањето на Лигата на шампионите во 2021 година, Челзи не личи на себе, а се чини дека има многу лоша атмосфера во соблекувалната.

Вечерва од 21:00 часот, Челзи го пречекува Њукасл во рамките на 28. коло од Премиер-лигата. Пред тој меч на прес-конференцијата зборуваше тренерот, Маурисио Покетино, кој доби бројни прашања.

Повторно тема беше евентуалното заминување на аргентинскиот стручњак на што имаше подготвен одговор.

Покетино имаше јасна порака до своите играчи кои повеќе не го сакаат во тимот – да одат кај Тод Боли, милијардерот кој е сопственик на клубот од Стемфорд Бриџ.

„Мора да ги прашате играчите. Ако веќе не ме сакаат и мислат дека друг тренер може подобро, јас сум првиот што ќе им кажам дека можат да разговараат со шефот или спортскиот директор. Играчите прават се за да се обидат да победат. Сосема е неправедно понекогаш да се споредуваат различни периоди на клубот. Околностите се поинакви отколку во минатото“, изјави Маурисио Покетино.

Инаку, Покетино имаше многу непријатно искуство на својот 52 роденден. Тој ремизираше 2:2 со Брентфорд и беше исвиркан од навивачите на Челзи.

Моментално Челзи е на 11. место во Премиер-лигата со 36 освоени бодови и Лигата на шампионите, а многу веројатно и Европа, ќе остане само сон за следната сезона.

ПретходноПролет со реакција: Криминалното судење мора да запре (ВИДЕО)
СледноВелемајсторот Кирил Георгиев е победник на традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах „Алкалоид Рапид Опен 2024“