Елиф Елмас во саботата за првпат доби шанса да биде стартер на еден официјален меч на Лајпциг и тоа на мечот против Дармштад. Сепак не се наигра многу, уште на паузата тој беше заменет со Баумгартнер.
Тренерот Марко Росе кажа дека Дијамантот бил повлечен од игра поради тоа што се пожалил на здравствени проблеми. Имал болки во главата и стомакот а има и мала несвестица.
Сепак од она што може да се види од Твитерот на Лајпциг, Елмас денеска се појавил на тренинг заедно со останатите играчи на “биковите“.