Турскиот кошаркар Алперен Шенгун заработи тешка повреда на натпреварот меѓу неговиот Хјустон и Сакраменто Кингс. „Новиот Никола Јокиќ“ падна со крик во рекетот и почувствува таква болка во десната нога што мораше да биде пренесен до соблекувалната со инвадилдска количка. Лицето и солзите ги сокри со раце, бидејќи е очигледно дека повредата е комплицирана и дека му претстои пауза.
Шенгун е во НБА од 2021 година кога дојде од Бешикташ во Хјустон и од година во година толку напредуваше што веќе е еден од најдобрите високи играчи во лигата. Минатата недела оствари трипл-дабл учинок во победата против Клиперс (122:116) со импресивни бројки од 23 поени, 19 скока и 14 асистенции.
Иако има само 22 години, го собори рекордот на легендарниот Мехмед Окур кога постигна 45 поени против Сан Антонио Спарс и стана Турчинот кој постигна најмногу поени на еден натпревар во НБА. И навистина е штета што неговиот огромен пораст беше скратен поради оваа повреда, која ги исплаши сите.
Alperen Sengun was taken to the locker room after an apparent leg injury
Hope he’s okay 🙏 pic.twitter.com/SauGnnZZ1n
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 11, 2024
The Alperen Sengun injury. Watch at your own risk.
I’m truly heartbroken. 💔 pic.twitter.com/M0gSQvJ8wn
— RocketsMuse (@RocketsMuse) March 11, 2024
Резултати: Кливленд – Бруклин 101-120, Њујрк – Филаделфија 73-79, Оклахома – Мемфис 124-93, ЛА Лејкерс – Минесота 120-109.