Викендов се одиграа и најголемиот дел од натпреварите од 7. коло во Првата одбојкарска лига во машка конкуренција. Дербито меѓу Штип УДГ и Струмица ќе се одигра во среда, додека останатите дуели донесоа, очекувани резултати.
Во плеј-оф делот Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово дојдоа до убедливи победи, а во плеј-аут делот видовме две одлични пресметки кои завршија дури по петтиот тај-брејк сет. Борец и Јанта Волеј дојдоа до минимални победи, додека Сушево немаше поголеми проблеми со Вардар.
Викендов се одигра заостанатиот меч од 5. Коло во кој Струмица со 3:0 беше подобра од Универзитет во Тетово.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 7. коло
Работнички 71&22 – Весна Пробиштип 3:0 (25:11, 25:11, 25:8)
Лирија – Универзитет во Тетово 0:3 (23:25, 22:25, 15:25)
Штип УГД – Струмица 47&72 (среда, 20.00)
Заостанат меч од 5. коло
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:13, 25:11, 25:18)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (51); 2. Работнички 71&22 (42); 3. Штип УДГ (35); 4. Универзитет во Тетово (33); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 7. коло
ГОК Борец – Шкендија 3:2 (23:25, 25:18, 12:25, 25:20, 15:10)
Јанта волеј – Македонија Џио 3:2 (15:25, 25:7, 25:23, 22:25, 15:12)
Вардар – Сушево 0:3 (16:25, 24:26, 20:25)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (34); 2. ГОК Борец (29); 3. Сушево (20); 4. Јанта Волеј (13); 5. Македонија Џио (6); 6. Вардар (5).