Рускиот тенисер Андреј Рубљев, инаку петти играч во светот, отпадна од Мастерсот во Индијан Велс откако беше поразен од Чехот Јиржи Лехечка со резултат 6:4, 6:4.
Лехечка со тоа стана првиот Чех по 2013 година кој успеал да победи играч од ТОП 5, а следен ривал му е Гркот Стефанос Циципас.
Статистиката вели дека Лехечка бил одличен, односно имал минимален број на грешки. Одличен на сервис, исто така од основната линија, не му дозволи на Русинот да дојде до брејк точка.
Од друга страна, Лехечка го зеде сервисот на својот ривал на стартот од првиот сет и поведе со 2:0. Потоа во деветтиот геjм имаше сет топка на сервис на Рубљов, а во следниот геjм сервираше за водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет и Лехечка на стартот направи брејк и поведе со 3:1. Не му дозволи на Рубљов да му се заканува на сервисот и недолго потоа ја искористи првата меч топка.
Another big win over Rublev 💪@jirilehecka plays some inspired tennis to reach the 4th round of Indian Wells for the first time!#TennisParadise pic.twitter.com/y84UzvXb2N
— Tennis TV (@TennisTV) March 11, 2024
Пласман во осминафиналето обезбеди Јаник Синер кој во 74 минута победи против Јан Ленарт – Штруф (6:3, 6:4).