Реал Мадрид ја победи Селта Виго со 4:0 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во 28. коло од Ла Лига. На овој начин Карло Анчелоти и неговите момци ја вратија предноста од седум бода пред второпласираната Џирона, која славеше над Осасуна (2:0), додека Барселона е трета со 61 бод, четврти е Атлетико Мадрид има 55 бодови.
Лука Модриќ беше во стартниот состав и играше до 83. минута и за тоа време со нафрлувања постигна два гола за Реал. Тој се најде во центарот на вниманието по неговите потези на овој дуел, ги воодушеви навивачите со потег од 45. минута.
— Ele (@EleModric) March 10, 2024