Севиља не успеа да го победи „фенерџијата“

164

Во шпанското првенство на „Хорсе“ стадионот во Алмерија се одигра последниот меч од 28 коло помеѓу истоимената екипа и Севиља. Мечот заврши 2:2 што претставува добар резултат за домашните, но за гостите ова е неуспех.
Домашните кои се последнопласирани на табелата имаа предност на полувреме, а потоа извлекоа бод со гол во 95 минута.
Во 38 минута домашните отворија со гол на Ембарба. Во 81 минута Лукебакио и Окампос „креираа“ пресврт за Севиља.
Во финишот Миловановиќ ја затресе мрежата и донесе бод за Алмерија.
Алмерија и по 28 кола нема победа и е закована на дното на табелата со 10 бодови. Севиља е на 14-тото место со 28 бода и го запиша 10-тото реми.

ПретходноЧелзи на крилата на Палмер прослави победа над Њукасл
СледноРоналдо и Ал Наср во драматичен реванш елиминирани од ЛШ, тензично по мечот